Search Property

За нас

Dormamak
Since 1996

За нас

ДОРМАМАК е специјализирано претпријатие за производство, монтажа и одржување комерцијални влезови со автоматски врати, стаклени уредувања со калено стакло, стаклени фасади, подвижни ѕидови за конгресни сали со висока звучна изолација, индустриски сегментни врати, гаражни врати, ПВЦ брзи индустриски врати, роло врати, автоматски капии за дворови и автоматски рампи, автоматски бариери-bollards, паркинг системи, автоматски паркинг системи во повеќе нивоа, автоматски прозори, хидраулични рампи за утоварни места, гумени завеси за утоварни места, контрола на пристап со картични системи, како и трговија со затворачи за врати, брави, анти паник механизми и друг оков за врати. Меѓусебната компатибилност на нашите производи, како и комплетно заокружената програма со специјалните автоматски врати, рампи и уреди, представува одлучувачка предност за инвеститорите и проектантите на објектите. На тој начин се добива поквалитетно и поекономично решение, а воедно се поедноставуваат работите околу одржувањето и сервисирањето на опремата. За изработка на своите производи соработува со светски познатите брендови: dormakaba, FINE Automatic Doors, BREDA Sistemi Industriali S.p.A, CAME S.p.A., LIFE Home Automation, BEA, HOTRON и многу други. Оваа страна е од информативен карактер, а за подетални информации не се воздржувајте да не побарате нас. Го даваме најдоброто од нас на оние што тоа го очекуваат.

ДОРМАМАК е семејно претпријатие регистрирано од 1996 година. ДОРМАМАК не е само синоним за автоматски врати во Македонија, туку првенствено е име за целосни системски решенија. Одлучувачка предност за инвеститорите представува долгогодишното искуство и знаење кое ДОРМАМАК може да го понуди на своите партнери. Компанијата има стручни лица кои се спремни да го решат секој предизвик, и да изнајдат оптимално решение, водејќи сметка за деталите и функционалноста на решенијата. Со тоа се создаваат услови за примена на напредни и современи технички решенија за долготрајно користење на нашите производи. На овој начин не само што инвеститорот добива најдобар производ, туку и оптимална технологија за неговиот проект во рамките на буџетот со кој располага. ДОРМАМАК обезбедува брза изработка и стручна монтажа, резервни делови во Македонија во секое време, како и стручен сервис и одржување по извршената монтажа. ДОРМАМАК има вработено стручни инженери со овластување за проектирање и вршење стручен надзор, како и искусни монтери и сервисери кои се во екипата повеќе од 10 години. На сите пазари ДОРМАМАК непосредно соработува со повеќе искусни локални и регионални фирми. Со многу од постојните партнери, соработката постои повеќе години и се базира на апсолутна меѓусебна доверба, со што се создава јако партнерство.

Партнери